28.11.2018

Можност да станете дел од САВА продажниот тим (оглас за вработување)

Сава осигурување а.д. Скопје отвора позиции за енергични, комуникативни лица кои се подготвени да научат нови вештини во професионална и мотивирачка средина за работа.

Агенти во Секторот за продажба

Агент за продажба во Секторот за продажба во Дирекцијата на САВА осигурување а.д. Скопје, на ул. Загребска 28 А.

  • 2 (двајца) извршители

Опис:

Ова динамично работно место овозможува професионален и личен развој преку:

  • Комуникација со клиенти и поддршка на активностите на продажната мрежа;
  • Компјутерска обработка на податоците и подготовка на извештаи до одговорните;
  • Извршување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

Квалификации:

  • Завршено средно образование;
  • Познавање на работа со компјутер;
  • Желба и способност за работење во тим;
  • Комуникативност и продажни вештини.

Услови за работа:

  • Неполно работно време од 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно, во периодот од 09:00 до 13:00 часот.
  • Кандидатите имаат можност за неограничена заработувачка, при што, без разлика на исполнување на таргетот, се исплатува основна нето плата од 6.082,00 денари.
  • Секој кандидат е должен да ја организира работата во согласност со тимот, како и таргетите кои му се зададени во текот на работното време.
  • Можност за работа и професионален развој во реномирана компанија.
  • За избраните кандидати е обезбедена соодветна обука.

Документација:

Заинтересираните да достават кратка биографија и мотивациско писмо до Секторот за општи и правни работи во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за агент во Секторот за продажба“.

Рокот за пријавување е заклучно со 15.12.2018 година, а по неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок, во зависност од бројот на пријавени кандидати.