Политика за приватност
САВА осигурување а.д. Скопје како членка на Осигурителната групација САВА, посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во сите свои деловни процеси, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, прописите, правилата и стандардите кои постојат во рамки на Групацијата.
Политиката за приватност на САВА осигурување а.д. Скопје (во понатамошниот текст: „Друштвото“) содржи информации за видовите податоци кои може да ги собереме и задржиме при посета на нашата веб-страницата, како и на кој начин се користат и со кого се споделуваат тие податоци. Политика за приватност на Друштвото го содржи и начинот на кој може да нè контактирате доколку имате прашања или сте загрижени за овие податоци. Оваа Политика за приватност е во согласност со законските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија и интерните акти на Друштвото за регулирање на оваа област.
Кои податоци ги собираме?
Ние собираме податоци од Вас, од кои дел се Вашите личните податоци кои Вие доброволно ги давате при посета на нашата страница и користење на нашите on-line услуги и поволности, додека другиот вид на податоци кои ги собираме за посетителите на нашата страница се т.н. пасивни податоци или податоци кои не се лични и кои се условени од природата на интернетот (технички информации за Вашето користење на услугата, производот или веб-сајтот, како што е Вашата IP адреса, домен, уред, грешките и активноста на хардверот).
За што ги користиме собраните податоци ?
Податоците кои ги собираме може да се користат заради повеќе причини и тоа:
- да Ви ја обезбедиме бараната услуга, при што Ве идентификуваме;
- да обезбедиме грижа за клиентите;
- да Ве прашаме за мислење во врска со видовите на осигурување кои ги нудиме и евентуално за спроведување на анкети;
- да ги олесниме и проследиме Вашите пребарувања и барања за информации кога ни се јавувате во врска со видовите на осигурување;
- да реализираме промотивни понуди и други поволности и
- да Ви обзбедиме помош при рекламација или проблем при користењето на нашите услуги.
Дополнително собраните податоци се користат за:
- да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата веб-страницата, производи, услуги;
- да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации и
- за поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на услугите.
Споделување на информации
Друштвото не ги споделува Вашите лични податоци на трети страни без Ваша согласност. Личните податоци може да се откријат само во согласност со закон.
Маркетинг
Преку нашата интернет страница имате можност да бидете информирани за услугите, новините и поволностите кои ги нуди САВА осигурување а.д. Скопје. На Вебшопот на нашата веб страница Ви се нуди можност САВА осигурување а.д. Скопје да може да Ве контактира за цели на директен маркетинг (телефонски, по пошта или електронска пошта). Добивањето на известувања од Друштвото може да се повлече со писмено барање во секое време.
Што правиме ние за да ги заштитиме вашите информации?
Работењето и постапувањето на Друштвото во однос на заштитата на личните податоци на нашите клиенти е целосно усогласено со прописите за заштита на личните податоци во РСМ. Тоа подразбира целосно воведен систем на технички и организациски мерки за тајност и заштита на обработката на личните податоци. Во Друштвото се спроведуваат повеќе редовни контроли од страна на надлежни државни органи, редовни внатрешни контроли, како и контроли од надворешни трети независни правни лица.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во Листа на документарен материјал со рокови за чување на личните податоци на САВА осигурување а.д. Скопје.
Колачиња („Cookies”)
Колачиња (“cookies") се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство на веб страницата www.sava.mk и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.
Колачиња (cookies) се податоци кои ги користат веб страните за да ги идентификуваат веб корисниците. Со помош на колачињата се следи движењето на посетителите на веб страницата www.sava.mk и на тој начин се собираат податоци за подобро разбирање за користењето на веб страницата од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на веб страницата www.sava.mk, но притоа не се користат личните податоци.
Сите информации што се меморираат во рамките на „Cookies“ може да бидат искористени само за потребите на интернет-услугата и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена.
Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.
Друштвото ги чува „cookies“ до исполнување на целите за кои се собрани. Друштвото користи Google analytics како екстерен бројач на посети. Резултатите од овој бројач не се јавно достапни и се користат исклучиво за интерни статистички анализи.
САВА осигурување а.д. Скопје, на веб страницата www.sava.mk, користи неколку видови на колачиња при работењето на истата и тоа:
Неопходни колачиња:
Колачиња кои се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страната како навигација, статистика за посета на сајтот, оптимизација на содржината и слично. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб страницата.
Колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки.
Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач, со цел да ги блокира или да Ве извести за овие колачиња, при што некои делови од веб-страната нема правилно да функционираат.
Колачиња за аналитика:
Колачиња кои ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај, со цел да ги измериме и подобриме перформансите на веб-страната.
Тие ни помагаат да анализираме кои страници се најпосетени и да видиме како посетителите се движат низ страната. Сите информации што ги собираат овие колачиња се агрегирани и анонимни.
Сесиски колачиња:
Овие се привремени колачиња, кои се зачувуваат во датотеката на колачето на вашиот Интернет-пребарувач, додека не ја завршите сесијата на вашиот Интернет-пребарувач.
Со кликање на копчето "Се согласувам" или со продолжување на користење на веб-страната, се согласувате да ги зачуваме колачињата опишани во овој документ.
Доколку не сакате да користиме cookies како што е наведено погоре, или ако се премислите откако ќе се согласите со нашата употреба на cookies, можете истите да ги избришете преку вашиот пребарувач.
Ресетирајте ги поставките за колачиња
Вебшоп
Друштвото ја нуди можноста за најбрзо и најлесно купување на полиса онлајн. Основен услов за користење Вебшоп е доставување на сите податоци од клиентот кои се бараат во процесот на договарање на осигурувањето, со што клиентот се согласува со собирање на податоците и нивното користење, како и да изврши плаќање на премијата во целост со платежна картичка. При купување на полиса онлајн, Друштвото ги собира само оние податоци за договарачот на осигурување и осигуреникот, кои се неопходни за склучување на договорот за осигурување согласно со Законот за супервизија на осигурувањето.
Прифаќање на условите
Со користењето на оваа веб страница, се согласувате, односно ги прифаќате одредбите во Политиката за приватност на Друштвото. Ве молиме не ја користете нашата веб страница, доколку не се согласувате со оваа Политика.
Контактирајте не
Доколку имате прашања во врска со Политиката за приватност на Друштвото при користењето на нашата веб страница, ве молиме контактирајте нè на ул.„Загребска“ бр.28А, Скопје, офицер за заштита на личните податоци Тања Јуруковска, тел: 02/5101-500 или на contact@sava.mk.