Здравствено патничко осигурување за скијање
Скијањето е дисциплина која постои многу одамна, тоа е повеќе од спорт, одмор и рекреација бидејќи има големо влијание на здравјето. Со скијањето се подобрува вашето расположение, се стекнувате со подобра координација, рамнотежа, како и ориентација во просторот.
Кога се подготвувате за скијање потребно е да се подготвите со минимални физички активности и вежби сѐ со цел телото да не биде под стрес, но потребно е и да си обезбедите опрема за скијање. Доколку не сте сигурни дека ќе скијате најдобро е опремата да ја изнајмите во скијачкиот центар кој планирате да го посетите.
Доколку се одлучите вашиот зимски одмор да го поминете надвор од границите на нашата држава потребно е, покрај сите подготовки, да купите и патничко осигурување сѐ со цел да се чувствувате безбедни и сигурни.
Сава осигурување ви нуди три пакети за осигурување: Gold, Platinum и Vip, разликата на пакетите е во висината на осигурувањето и во осигурениот ризик.
Патничкото осигурување ги покрива трошоците за лекување, враќање на деца до 14 години во земјата, враќање на посмртни останки, посета на пациент, продолжување на престој по лекување, придружба на пациент, надомест на телефонски трошоци и сл.
Патничкото осигурување можете најбрзо и наједноставно да го купите онлајн. Кога ќе го купите избраниот пакет, со плаќање на полисата истата ја добивате на вашиот имејл и вашето патување може да започне.
Патничкото осигурување на Сава осигурување има територијално покритие за престој на локации низ целиот свет.
Многу е важно, доколку се случи незгода морате веднаш да ja пријавите штетата на следниов телефонски број +3892501525 или онлајн, при што е потребно да ги наведете следниве податоци: Име на осигуреник, бројот на полиса, локација, телефонски број за контакт, краток опис и видот на помошта што ви е потребна.
За дополнителни информации можете да нѐ контактирате на бесплатниот телефонски број 0800 80000.
Со почит,
Блог Никогаш сами – добро е да знаете!