Вистинското богатство на едно општество се неговите луѓе – децата со своите родители, нивните соседи, учителите, спортските тренери...а на бизнисот – неговите вработени. Нивната заштита од незгоди е особено важна ако се има предвид дека несреќните случаи се најчесто придружени со трајни последици и предизвикуваат зголемени трошоци за лекување, боледување и слично.

Затоа е важно да бидат осигурени ризиците од: трошоци за лекување како последица на несреќен случај, привремена неспособност за работа како последица на несреќен случај, траен инвалидитет, како и смрт како последица на несреќен случај.