Општествено одговорна компанија

Сметаме дека бизнисот има улога да го подобрува општестовото, околината како и условите во кои секојдневно функционираме. За нас е важна улогата и одговорноста да помогнеме да се создаде одржливо општество и да се оддржи истото.

Затоа, градиме доверба кај нашите вработени, знаеме дека тоа е карика која е двигател за општесвено одговорна компанија. Нивниот ангажман, доверба како и мотивација е појдовна точка да ја изградиме Сава како компанија која се грижи за општеството и која работи на негово подобрување.

 Стратегијата на Сава е да ги позиционираме општестевено одговорните активности, во основите на работењето, во секојдневните активности како и во комуникација со своите осигуреници. Сите производи и услуги на Сава, се посебно креирани водејќи грижа да учествуваме ефективно во социјалниот, еколошкиот како и економскиот прогрес на опкружувањето во кое и ние живееме.

 

 Ден на Сава Ре -  07.04.2017

Сава Осигурување го одбележа својот корпоративен празник „Ден на Сава Ре" со организирање општествено одговорни активности во СОС Детско Село. По тој повод, дониравме заштитна ограда и летниковец, садевме цвеќиња и фарбавме огради. Исто така, организиравме и креативна работилница.

Се надеваме дека нашите активности ќе донесат радост и насмевки на детските лица

 

Засади ДОБРО за ПОЗИТИВНА ОПШТЕСТВЕНА ПРОМЕНА!

Денес (20.04.2017) бевме дел од манифестацијата „Пикник на добри компании“ во Градскиот парк, каде што заеднички засадивме 70 дрвја како симбол на нашата општествена одговорност.
Активноста е продолжение и поддршка на ланскиот Форум на добри компании на кој учествуваше и САВА осигурување: http://csr.public.org.mk/

„Со оваа иницијатива зад себе оставаме позитивни отпечатоци во природата и ваквиот приод треба да нѐ води и кога станува збор за односот кон вработените и кон пазарот, кон вложувањето во заедницата, како и во однос на етичкото управување“ - гласи пораката од  организаторите, кон која со задоволство се приклучуваме.