Домаќинско осигурување

  • Три пакети. Основен, стандарден и луксузен
  • Гаража, сончеви колектори и сателитски антени. Вклучете ги помошните објекти во осигурувањето.
  • Бонус. Попуст при обнова на полисата ако сте немале штета во претходната година.

Домаќинското осигурување претставува една од најумните инвестиции во однос на заштитата и сигурноста на домот.

Осигурувањето на станбени објекти и предмети во домаќинството е организирано во пакети на осигурување со кои е покриена штета поради уништување, исчезнување или оштетување на осигурените предмети, а која ќе настане како последица на некоја од осигурените опасности – ризици.