Граничното осигурување е достапно за сите странски возила, односно возила на домашни и странски лица што се регистрирани во странство, кои треба да влезат во земјава, а не поседуваат валиден зелен картон. Овој вид осигурување претставува заштита на странските возила при транзит во нашата држава, односно важи само во рамки на границите на Р. Македонија.