Осигурување на возила

  • Најкомплетно покритие за осигурување на возила
  • 24/7 Автомобилска асистенција. Помош на патот - таму каде што е возилото
  • Можност за технички преглед и регистрација во Сава Стејшн

Интензивното користење на службените возила значи и поголема потреба од нивна заштита. Затоа подготвивме повеќе видови на покритија за целиот возен парк.

АО и АО+

Основното осигурување за автомобилска одговорност го штити сопственикот на возилото од економските последици на сообраќајна несреќа која ја предизвикал возачот. Тоа го надополнивме со осигурување на самиот возач доколку се здобие со телесни повреди во сообраќајна незгода која тој самиот ја предизвикал.

Повеќе информации на МојАвтомобил

Автомобилска асистенција

Ви ја препорачуваме Aвтомобилска асистенција со која патувањата во земјата и странство се многу поспокојни. За решавање на разни проблеми со возилото на пат, помошта е достапна 24 часа преку телефонски повик до асистентскиот центар.

Повеќе информации на МојАвтомобил

Каско

Полисата за каско осигурување нуди покритие на моторното возило доколку истото е оштетено или уништено поради осигурените ризици.

Повеќе информации на МојАвтомобил

Зелен картон

Овој документ претставува територијално проширување на полисата за АО во сите европски земји кои се членки на Системот  за зелен картон.

Повеќе информации на МојАвтомобил

Технички преглед во Сава Стејшн

За технички преглед на возниот парк, но и за набавка на сите видови полиси , за пријавување на штети и за сервисни услуги, на располагање ја имате и станицата за технички преглед Сава Стејшн.

Повеќе информации