„Сава осигурување“ е лидер за повеќе значајни проекти имплементирани кај мноштвото членки на групацијата. Отворањето станица за технички преглед е уште еден пример за визионерството и долгорочните планови на „Сава осигурување“ за развој на македонскиот осигурителен пазар.

За сите клиенти „Сава Стејшн“ овозможува комплет од повеќе услуги на едно место:

Технички преглед
Квалитетна и брза услуга од стручен тим при прегледот на вашето возило.

Осигурувања
Во подружницата на „Сава осигурување“ ќе ги најдете сите видови неживотни осигурувања: моторни возила, имот, земјоделство, транспорт, патничко, здравствено осигурување, осигурување од одговорност и др.

Сервис
На истата локација се врши поправка на оштетените возила. Во сервисот „Са-Тра“ добивате професионална услуга за сите видови сервисирање на возила од сите категории.

Сава кафуле
Додека чекате вашето возило да го помине техничкиот преглед, опуштете се во кафулето што се наоѓа во склоп на „Сава стејшн“.

Локација на станицата: ул.“34” бр.7, нас. Илинден – Скопје

Mapa

 

Искористете ги поволностите кои ви ги нудиме.

Контакт „Сава стејшн“:

ДИРЕКЦИЈА

ул. „Железничка“ бр. 41,

1000 Скопје
тел. (02) 5101 500
факс (02) 5101 502

е-пошта info@savastation.mk

СТАНИЦА ИЛИНДЕН

Работно време:
понеделник – петок: 08.00 – 16.00  
Телефон за контакт:
02/5111-556 и 02/5111-545

Управител - Александар Михајлоски

Информација за обработка на лични податоци 

Известување за приватност при вршење на видео надзор