25.11.2026

Јавен повик за изработка и испорака на канцелариски материјали за 2027

САВА осигурување а.д. Скопје ќе врши избор на најповолна компанија за набавка на канцелариски материјали за потребите на САВА осигурување а.д. Скопје на територија на Р.С. Македонија во времетраење од 1 (една) година односно од 01.01.2027 година до 31.12.2027 година.

Канцелариски материјали 

Тендер за канцелариски материјали

Понуда 

Изјава 

Општи услови за набавка САВА осигурување а.д. Скопје 

Пријавата за учество треба да се достави во затворен коверт со назнака во горниот лев агол „Не отварај” и „За тендер“ ПОВИК бр. 01.12.2026 година за Оддел Набавки- Служба за општи и инвестициски работи , додека во средината на пликот треба да биде назначена адресата на Нарачателот.

Ковертот не смее да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува испраќачот.

Понудите треба да пристигнат до наведениот рок 15.12.2026 во еден оригинален примерок и една копија, при што соодветно е назначено на ковертите “Оригинална понуда“ и “Копија на понудата“,  во архивата на:

САВА осигурување а.д. Скопје

ул. Железничка 41, Скопје1000

Скопје, Р.С. Македонија

Понудите кои ќе пристигнат во Писарницата на Нарачателот по овој рок, нема да бидат земени во предвид при разгледувањето.

Нарачателот нема да сноси никаква одговорност во случај на несоодветна достава, губење или предвремено отварање, доколку ковертoт не е соодветно означен.

Со почит Сава осигурување а.д. Скопје