Со овој вид осигурување вие му овозможувате ветеринарно лекување на вашиот миленик (куче) при дијагностицирање на нова болест, односно дијагностика и лекување на миленикот;

Прв чекор

Ветеринарна изјава за здравствената состојба на кучето

Втор чекор

Доставете ја кај нас

Трет чекор

Се изготвува полиса и фактура

Предмет на осигурување е секое новородено куче на осум недели до девет години старост;

Ако имате возрасно куче и првпат го осигурите, треба да има максимум шест години старост;

При настаната штета/болест се јавувавте во нашиот Асистентски центар 24/7 и ние понатаму се грижиме за здравјето на вашиот миленик.

Полисата за осигурување се однесува за една година и изнесува 5.950 денари.

Болестите за коишто се однесува осигурувањето се наведени во Општите услови што можете да ги најдете на следниов линк

Општи услови за домашни миленици  

Леток за осигурување на домашни миленици