Транспортно осигурување

  • Заштитете ги своите пратки од сите ризици
  • Постојано на пат? Дозволете пратките да бидат осигурани
  • Оштетување на стоката или пратките додека се транспортираат? Штетата ја покриваме ние.

За голем дел од правните лица, основната дејност вклучува и транспорт на стока или пратки. Транспортот се случува постојано што остава простор за непредвидени настани.

Со соодветно осигурување, сопственикот може да се осигура од бројни непријатности. На тој начин би се осигурала стоката против сите ризици, од оштетување при утовар и истовар, и додека трае транспортот. Осигурани се оние кои спаѓаат во категоријата “сите ризици” освен некои специјални т.е. дополнителни ризици кои можат да се припишат како внатрешна маана односно својство на стоката, како и воено политички, ризици од штрајк, нуклеарна енергија и слично.

Осигурување на стока при транспорт (Карго)

Осигурувањето на стока при транспорт се осигурува стоката во домашен или меѓународен транспорт за времетраење на транспортот, при утовар и истовар од оштетување или расипување.

Осигурување на одговорноста на превозникот

Нуди осигурување на одговорноста за тотална или делумна штета на пратките кои превозникот ги презел за транспорт.