30.10.2026
Кога традицијата и модата создаваат нови можности – Мелита Гугуловска дел од Fashion Weekend Skopje
Мелита Гугуловска дел од DMWC модна ревија ''Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации''што ги обедини традицијата, креативноста и одржливоста
Генералната извршна директорка на Сава осигурување, Мелита Гугуловска, по покана на Амбасадата на Република Словенија, беше дел од модната ревија „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“, со која на 30 октомври 2026 година, во Музејот на современата уметност во Скопје, беше означен почетокот на Fashion Weekend Skopje.
Ревијата беше дел од проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, кој се реализира со поддршка на Амбасадата на Република Словенија во Северна Македонија и Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, а го имплементира здружението „Добредојде“ Macedonia Welcome Centre (DMWC).
Проектот опфати околу 70 учеснички и учесници од осум општини во Македонија, кои преку едукативни и креативни работилници ги развиваа своите вештини и создаваа современи модни креации инспирирани од традиционалните занаети. Иницијативата има за цел да го поттикне женското и младинското претприемништво, економското зајакнување и вклучувањето на лицата од ранливите категории.
Модната ревија имаше и хуманитарна димензија, преку откупот на креациите и донирањето на средствата, дополнително нагласувајќи ја важноста на солидарноста и поддршката во заедницата.
Со своето учество, Мелита Гугуловска даде поддршка на иницијатива која покажува како традицијата, креативноста и одржливоста можат да создадат нови можности и позитивни промени.
Во Сава осигурување веруваме дека поддршката на иницијативи кои поттикнуваат еднакви можности, солидарност и одржлив развој придонесува за создавање посилна и поодговорна заедница.
Традицијата нè поврзува, креативноста нè движи напред, а одржливоста е изборот со кој ја градиме иднината.


