20.10.2026

Главниот извршен директор Мелита Гугуловска врачуваше признанија на Business Leader 2026

Мелита Гугуловска, Главен извршен директор на компанијата, беше дел од свечената церемонија на Business Leader 2026, еден од најзначајните бизнис-настани во земјата, кој годинава во Македонската филхармонија обедини околу 600 претставници на македонската бизнис-заедница, институциите и дипломатскиот кор.

Во рамки на церемонијата, Гугуловска имаше чест да врачи четири признанија на компании кои се истакнаа со своите деловни резултати, развој и придонес кон македонската економија. Настанот уште еднаш ги обедини најуспешните компании и лидери од различни индустрии, потврдувајќи ја важноста на препознавањето и афирмацијата на деловната извонредност. 

Како горд спонзор на Business Leader 2026, Сава Осигурување даде поддршка на иницијативата чија цел е да ги истакне компаниите што создаваат вредност, остваруваат раст и придонесуваат за економскиот развој на земјата. Настанот претставува значајна платформа за вмрежување, размена на искуства и поттикнување на позитивни деловни практики. 

Особена гордост за нас претставува фактот што највисокото признание на вечерта, Premium Business Leader 2026, му беше доделено на Сава пензиско друштво АД Скопје, членка на Сава Осигурителна Групација. Признанието претставува потврда за нивното континуирано и одговорно работење, стабилност и највисоки стандарди на професионалност. 

Упатуваме искрени честитки до целиот тим на Сава пензиско друштво за ова значајно достигнување. Особено сме горди што нивната посветеност беше препознаена со највисокото признание на настанот.

Довербата се гради со одговорност, стабилност и доследност, а оваа награда е уште една потврда за довербата што членовите со години им ја укажуваат и за нивната посветеност во обезбедувањето долгорочна финансиска сигурност.

На сите добитници на признанијата им честитаме за постигнатите резултати и им посакуваме уште многу успешни деловни приказни, нови можности за раст и освојување на нови деловни врвови.