Максимална удобност со дигиталните услуги на Сава Осигурување

Во свет исполнет со динамика и постојана трка со време за завршување на голем број активности – времето е најважен ресурс . Разбирајќи ја потребата за ефикасност и сигурност, Сава Осигурување постојано инвестира во дигитализација и модернизација на своите услуги. Нашата цел е осигурителните услуги да бидат подостапни, полесни за користење и поефикасни за сите наши клиенти.

Нудиме дигитализирани услуги кои овозможуваат безбедно, брзо и едноставно да го платите Вашето осигурување, да побарате понуда, да пријавите штета или да купите осигурување.

Зошто да ги користите нашите дигитални услуги ?

Заштеда на време – сè се завршува брзо и ефикасно.

Заштита на животната средина – активно придонесуваме за одржлив развој.

Безбедност и сигурност – Вашите податоци се заштитени со највисоки безбедносни стандарди.

Пристапност 24/7 – Нашите дигитални услуги се достапни во секое време.

Онлајн плаќање

Со онлајн плаќањето (полиса, фактура, регрес) имате можност да платите со само неколку кликови од удобноста на вашиот дом додека го пиете Вашето утринско кафе.

Онлајн понуда за осигурување

Потребно Ви е осигурување, но немате време да нѐ посетите? Со нашата онлајн алатка Барање на понуда со само неколку клика пополнувате формулар каде наведувате за каков вид барање станува збор и Ви овозможува брзо и лесно да добиете понуда.Сава онлајн услуги

Онлајн пријава на штета

Во непријатни ситуации како несреќа или оштетување на осигуреното добро, најважно е што побрзо и поедноставно да го пријавите случајот. Со нашата услуга за онлајн пријава на штета Ви се одзема малку време.

Веб-шоп

Нашата онлајн продавница Ви овозможува да купите осигурување во само неколку чекори. Од патничко осигурување до автоодговорност, сè што Ви е потребно, е достапно преку нашата веб-платформа. Нема потреба од физичко присуство, сè е дигитализирано и безбедно.

Посветеност кон корисниците – наша визија и вредности

Во Сава Осигурување, клиентите се во сржта на сè што правиме. Нашата визија е да бидеме осигурителна компанија која ги поедноставува услугите за своите корисници, овозможувајќи им сигурност и доверба. Преку континуирана иновација, вложуваме во модерни и практични решенија кои го олеснуваат животот на нашите клиенти.

Изберете ги дигиталните услуги на Сава Осигурување и искусете го осигурувањето на иднината – брзо, едноставно и сигурно!

Доколку ви се потребни дополнителни информации побарајте го нашиот контакт центар на бесплатниот тел. број 0800 80000.