Дигиталните услуги стануваат секојдневие, потребата за брзи и практични решенија во осигурувањето е поголема од кога било. Токму затоа го воведовме Е‑проценителот – современа алатка што им овозможува на корисниците самостојно и онлајн да ја започнат постапката за процена на штета.

Што претставува Е‑проценителот?

Е‑проценителот е дигитална услуга наменета да ја олесни комуникацијата помеѓу осигуреникот и компанијата во моментите кога е најпотребно – кога ќе настане штета и истата е потребно да се пријави.
Корисникот сам, брзо и лесно, ја пријавува штетата онлајн и има можност да ги прикачи фотографиите од настанатата штета и да ја започне процената – директно од својот телефон или компјутер.

Ова значи дека корисникот добива побрз одговор и пократка целокупна постапка.

Зошто Е‑проценителот е важен како и останатите дигитални услуги:

  • Заштеда на време ;
  • Побрза процена и пресметка ;
  • Поголема удобност за корисниците ;
  • Поголема ефикасност.

Е‑проценителот е само дел од нашата визија да создадеме целосно дигитално корисничко искуство едноставно и достапно 24/7.

Останати услуги кои можете да ги косритите и да планирате се во свое време :

  1. Онлајн пријава на штета
  2. Web Shop – купување полиси онлајн
  3. Онлајн плаќање 
  4. Барање онлајн понуда

Клиентите можат да побараат понуда, да добијат точни информации и препорака за најсоодветно осигурување без консултација во живо.

За да корисничкото искуство да биде целосно, покрај Е‑проценителот, развивме и други дигитални решенија што овозможуваат сеопфатно управување со сите услуги поврзани со осигурување.

Воведувањето на Е‑проценителот и сите останати дигитални алатки е дел од нашата поголема стратегија.

Со дигиталните услуги нудиме поголема транспарентност, поефикасни процеси и подобра комуникација со нашите клиенти.

Нашата мисија – современи, едноставни и достапни услуги

Повеќе информации можете да добиете преку нашиот веб‑сајт или на бесплатниот телефонски број:📞 0800 80000

Сава осигурување - Никогаш сами!