Како да пријавите штета?
Независно каков вид полиса за осигурување имате, доколку Ви настане штета, истата треба веднаш да ја пријавите по настанувањето. Пријавувањето може да биде лично на приемен пулт, преку телефон или електронски, зависно од работењето на осигурителната компанија.
Во зависност од видот на осигурувањето, се пополнуваат соодветни пријави. Пријавите ги содржат податоците за осигуреникот и за оштетеното средство во кои се внесува опис на околностите под кои е настаната штетата, лице за контакт и сл. Во зависност од видот, обемот и карактеристиките на штетата, пријавувачот (може да биде осигуреникот, договарачот и оштетениот) добива детални упатства. На пример при матерјална штета - имот во случај кога законот бара, паралелно со процесот на пријавување во осигурителната компанија, треба да се направат и дополнителни пријави и тоа:
- Во случај на пожар и експлозија, веднаш да се извести соодветниот орган на МВР;
- Во случај на провална кражба или разбојништво, задолжително да се извести соодветниот орган на МВР;
- Во случај на зла намера на вработен или трето лице, веднаш да се извести орган на МВР.
Кога ќе се воспостави контакт со проценителот, потребно е да се обезбедат услови за извидување на штетата и да се следат понатамошните упатства. По собирање на потребните документи, се комплетира предметот и на овој начин се дефинира причината за настанатата штета, потоа следи пресметка на надоместок од осигурувањето и се врши исплата на штета.
Дополнителни информации за матерјална штета - каско, матерјална штета - АО, матерјална штета - имот, незгода , патничко осигурување, одговорност на превозникот - цмр и транспорт можете да прочитате тука.
Во Сава Осигурување пријавата на штета можете да ја извршите лично во сите подружници, потоа преку контакт центар, електронски на е-адреса steti@sava.mk, како и онлајн. Многу е важно штетата да се пријави веднаш по настанувањето.
На следниов линк се наоѓаат документите потребни за Пријава на штета, како и листата на потребната документација.
Сите дополнителни информации можете да ги погледнете на следниов линк или да нѐ контактирате преку нашиот бесплатен број 0800 80 000.
Блог Никогаш сами – добро е да знаете!