Кои се најчестите грешки кои ги правиме кога патуваме во странство?

Сите ние се подготвуваме за нашето патување полни со ентузијазам и авантурситички дух, но дали сме навистина доволно информирани и подготвени за истото?

Доколку планирате да патувате, задолжително внимавајте на деталите поврзани со најчестите грешки кои ги правиме при планирање на патувањето:

Проверете го рокот на важност на личните документи, документите na вашето возило,  податоците поврзани со хотелската резервација, какo и протоколите за влез на дестинацијата каде што патувате.

Проверете ја важноста на сите лични документи, документите потребни за вашето возило како и податоците поврзани со хотелските резервации. Секогаш проверувајте  дали времето и локацијата за сместување се според планираното. Од исклучителна важност е да проверите дали Вашето име и презиме се правилно напишани во личните документи и рокот на валидност. Со КОВИД пандемијата секојдневно се менуваат протоколите за влез и потребната документација, така што потребно е секојдневно внимателно да следите и да бидете информирани.

Пакуваме премногу багаж

Секогаш понесете ги основните работи кои ви се неопходни, а не оние за кои мислите дека ќе Ви затребаат. Откако ќе се спакувате, проверете ја уште еднаш секоја работа и размислете дали навистина ќе ја користите.

Не ги познаваме основните зборови на официјалниот јазик на државата во која престојувамеСава патничко осигурвање

Тешко е да се маскираме и да бидеме непрепознатливи дека сме туристи. Доколку сакате да воспоставите пријателски однос со локалното население, научете ги основните фрази кои се користат од нивна страна во секојдневна употреба и стекнете нови пријателства.

Подгответе листа на места кои сакате да ги посетите

Информирајте се за сè што Ви нуди дестинацијата која планирате да ја посетите. За да не жалите за залудно изгубеното време и потрошените  пари, информирајте се од некој колега или близок пријател кои веќе ја имаат посетено таа дестинација или направете кратко истражување на Google.

Немаме патничко осигурување

Кога станува збор за патување во странство, многумина од нас сметаат дека немаат потреба од патничко осигурување. Осигурувањето најчесто се смета за дополнителен трошок иако истото може да Ви заштеди многу пари и време. Треба секогаш да сме подготвени за секоја ситуација за да не се претвори патувањето во непријатно искуство. Затоа е неопходно, доколку настанат непланирани ситуации поврзани со патувањето и годишниот одмор, истите да бидат покриени со осигурителен продукт патничко осигурување.

Ние од Сава осигурување, Ви нудиме патничко осигурување кое Ви овозможува територијално покритие низ целиот свет, што значи дека Вие сте покриени со нас каде и да патувате. Во зимскиот период актуелено е скијањето, посетувањето на скијачки центри надвор од нашата држава и за истото Ви нудиме патничко осигурување за скијчи. Доколку планирате патување со Вашата фамилија или групно патување, Ви нудиме дополнителни попусти.

КОВИД пандемијата ги измени протоколите за патување, но затоа ние сме тука да Ви понудиме ПЦР и антиген-тестови по промотивни цени, како и покритие од КОВИД.

Голем број наши клиенти го користат нашето патничко осигурување, прилагодено на нивните потреби согласно изборот на пакетите кои ги нудиме.

Опуштете се и уживајте во своите незаборавни моменти на која било дестинација во светот!

За сите дополнителни информации можете да нè контактирате на нашиот бесплатен телефонски број 0800 80000, како и преку нашиот chat box каде нашите администратори се секогаш тука за Вас!

Никогаш сами,

Сава осигурување

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!