Никогаш сами - Сава осигурување

Побарајте онлајн понуда

Сава осигурувањеСава осигурување ад Скопје  се грижи секогаш за своите сегашни и идни осигуреници.

Во изминатиот период идните oсигуреници имаа одлична можност да се запознаат со предностите на новите пакети за Доброволно приватно здравствено осигурување, но и да ги искористат предностите на Пет Вет осигурувањето на миленици со најдобри услови на пазарот, како и Осигурувањето на велосипеди и велосипедисти, продукт наменет за сите вело-ентузијасти.

Доброволното приватно здравствено осигурување ви го дава најдоброто здравствено осигурување без франшиза (учество на осигуреникот во трошоците), без скриени трошоци и на крајно едноставен начин ви ја обезбедува потребната логистичка и финансиска поддршка преку асистентскиот центар кој е тука за вас 24/7.

Пет Вет здрвствено осигурување на вашиот миленик е единствен продукт на пазарот кој не ве ограничува со услови кога станува збор за здравјето на вашето милениче при дијагностицирање на нова болест. Бидете безгрижни во текот на целата година за неговото здравје, со дури 30.000 денари кои ви се достапни во случај на лекување.

Првиот продукт на нашиот пазар за осигурување на велосипеди и велосипедисти искреиран за вљубеници на велосипедизмот, ви нуди можност да изберете еден од пакетите Старт, Промо и Премиум со промотивен попуст.

За повеќе информации за сите останати услуги на Сава осигурување можете да се информирате на нашата веб страница или да го  контактирате нашиот стручен тим на агенти на бесплатниот телефонски број 0800 80000.

Сава осигурување ад Скопје

 

 

Блог Никогаш сами – добро е да знаете!