Планирате зимување и ја барате следната атрактивна скијачка дестинација?
За да уживате безгрижно во снегот и вашето патување, важно е да имате патничко осигурување, кое ве штити од непланирани трошоци при болест или повреда во странство.
Ви нудиме повеќе пакети за осигурување и во зависнот од изборот на пакетот како и од бројот на осигурани денови зависи и висината на премијата.
Осигурителното покритие е без франшиза, освен ако не е посебно договорено.
Изберете пакет кој најмногу одговара на вашите потреби и уживајте во вашето зимување.

Имате неколку начини како да ја купите полисата за патничко осигурување:
- Преку комуникација со Вашиот агент и потпишување електронски со користење на Е -потпис ;
- Класичен начин прeку посета на нашите продажни места;
- Онлајн преку нашиот веб шоп процедурата е брза, едноставна и достапна 24/7.
Доколку патувате во друштво, добивате дополнителни попусти :
- 20% попуст за групно патување,
- 15% попуст за семејни патувања.
Покритие – без дополнителна премија за скијање.
Со ова осигурување добивате територијално покритие ширум светот, без никаква дополнителна доплата за скијање или зимски спортови.
Покритието се обезбедува согласно пакетот кој го имате купено и врз основа на истот се определува и висината на трошоците кои се покриваат.
Како да постапите доколку ви се случи незгода!
Во случај на повреда, болест или друг осигурен настан задолжително контактирајте го асистентскиот центар во рок од 24 часа на: 📞 +389 2 510 15 25
Доколку не го контактирате асистентскиот центар во рок од 24 часа за да ја пријавите настанатата штета ние ви рефундираме најмногу до 150 евра.
Повеќе информации можете да добиете преку нашиот веб‑сајт или на бесплатниот телефонски број:📞 0800 80000
Сава осигурување - Никогаш сами!