Во 2007 година, компанијата „Сава Ре“ од Љубљана го откупи мнозинскиот пакет акции, а во ноември истата година се преименува во АД за осигурување „Сава Табак“. Во ноември 2011 година компанијата го заврши процесот на ребрендирање и стана „Сава осигурување“ а.д. Скопје, со што се унифицира со останатите членки на групацијата која во тоа време го носи името „Сава Ре“, а во мај 2019 година станува Осигурителна групација Сава (Sava Insurance Group). 

Поддршката од моќна и стабилна групација го зајакнува чувството на сигурност, но исто толку е силна одговорноста да се биде дел од такво квалитетно друштво. Како дел од неа, добиваме одлична реосигурителна поддршка, пристап до нови осигурителни продукти и трендови, сигурност, искуство и перспектива за воведување разни новини.

Благодарение на стабилноста, брзите и коректни исплати на штети, развиената продажна мрежа, како и постојаните иновации во работата, станавме препознатливи како сериозен и стабилен партнер на осигурениците и деловните соработници. Важна улога игра создавањето на корпоративна култура базирана на транспарентност и тимска работа, а која низ годините стана една од препознатливите карактеристики на нашето Друштво.

САВА осигурување а.д. Скопје
Адреса: Железничка бр.41,  п.ф. 133, 1000 Скопје
Телефон: 02/5101-500
Веб-страница: www.sava.mk
Е-пошта: contact@sava.mk

ЕДБ: 4030994256042
ЕМБС: 4778529
Основна дејност: неживотно осигурување
Датум на регистрација: 24.12.1993
Основен капитал: 234 072 672 МКД (3 805 905 ЕУР)
Број на обични акции: 18 326
Удел во капиталот: Позаваровалница Сава, д. д. Љубљана: 93.86%

Лице за контакт со инвеститори: Мартина Милошеска Трпкоска                      Адреса: ул. Железничка бр.41,  п.ф. 133, 1000 Скопје

Телефон: 02/5101-583; e-mail: martina.miloseska@sava.mk 

Основна дејност

„САВА осигурување“ а.д. Скопје извршува работи од дејноста на неживотно осигурување, со што обезбедува сигурност за клиентите, економска заштита на имотот, возилата и лицата од ризици и гарантира добро работење со капиталот.

Врз основа на Решенито бр.18-23977/8-02 од 28.03.2003 година, Друштвото има дозвола за вршење на работи за осигурување во рамки на следните класи на осигурување:

  • осигурување од последици на несреќен случај - незгода;
  • здравствено осигурување кое не е покриено со задолжителното здравствено осигурување;
  • осигурување на моторни возила (каско);
  • осигурување на шински возила (каско);
  • осигурување на воздухоплови (каско);
  • осигурување на пловни објекти (каско);
  • осигурување на стоки во превоз (карго);
  • осигурување на имот од пожар и природни непогоди;
  • други осигурувања на имот;
  • осигурувања од одговорност од употреба на моторни возила;
  • осигурувања од одговорност од употреба на воздухоплови;
  • осигурувања од одговорност од употреба на пловни објекти;
  • општо осигурување од одговорност;
  • осигурување на гаранции;
  • осигурување од финансиски загуби;
  • осигурување на правна заштита;
  • осигурување на туристичка помош за лица кои се соочуваат со проблеми при патување.

Врз основа на Решение бр.УП1-19-2-921 од 31.01.2019 година од Агенцијата за супервизија на осигурување, САВА осигурување а.д. Скопје има дозвола за вршење на работи во класата 14: осигурување на кредити.

Основната дејност на Друштвото е поврзана со:

  • склучување и исполнување на договори за неживотно осигурување;
  • склучување и исполнување на договори за соосигурување;

Мисија, Визија, Вредности

Мисија

Обезбедуваме континуитет во сигурноста, ги следиме во чекор сите новитети и потреби на осигурителниот пазар со цел поуспешно и поефикасно работење на Друштвото.

Визија

Да бидеме осигурително друштво што ќе го препознаваат на домашниот пазар како сериозен партнер што нуди услуги со највисок квалитет и сигурност.

Стратегија

Ние сме посветени на клиентите, иновативни, професионални и етични. Ние сме успешни во работењето, одговорни кон околината. Ние имаме приврзани и задоволни вработени и заедно го градиме угледот на Друштвотo.

Вредности

Во своето работење се базираме на следните вредности:

  • доверба и интегритет;
  • задоволство на клиентите;
  • продукти кои се формираат според потребите на клиентите;
  • грижа за угледот и напредокот на Друштвото;
  • користење на вкупните способности и капацитет за развој и остварување на добри резултати во работењето;
  • компетентност и одговорност во работењето;
  • транспарентност во работењето;
  • тимско и успешно работење;
  • задоволство и лојалност на вработените.

Организациска структура

    Мелита Гугуловска, Генерален директор;

    Кристиан Лешков, Извршен директор;

    Љупка Ѓорѓиевска, Главен оперативен директор;

 

  • Сектор за продажба - Наташа Здравков, директор;
  • Сектор за развој;
  • Сектор за штети - Јане Петровски, директор;
  • Сектор за финансии и сметководство - Мирче Маринковиќ, директор;
  • Сектор за општи и правни работи;
  • Самостојна служба за внатрешна ревизија - Марјонка Николовска, внатрешен ревизор;
  • Самостојна служба за наплата - Јасмина Џартова, раководител;
  • Самостојна служба за ИТ - Александар Михајлоски, раководител ;
  • Самостојна служба за контролинг - Јасминка Николовска, раководител;
  • Самостојна служба за управување со ризици и усогласеност;
  • Самостојна служба за човечки ресурси;
  • Самостојна служба Контакт центар.

Важни контакти

Информации и помош:
0800 80 000 

Пријава на штети:
0800 80 000
Е-маил: steti@sava.mk

Управа на друштвото:
02/5101-501
Е-маил: contact@sava.mk

 

За медиуми

Ние во „Сава осигурување“ сме секогаш подготвени да ја запознаеме јавноста со веродостојни информации и се трудиме најажурно да ги споделуваме сите релевантни информации.  Времето за оформување на одговорите и соопштенијата зависи од природата на прашањата или барањата, односно од нивната комплексност и расположливите податоци.

 
Органи на управување

Генерален  директор
Мелита Гугуловска

Извршен директор

Кристиан Лешков

Одбор на директори

Претседател и неизвршен член: Рок Мољк

Извршни членови: Мелита Гугуловска, Кристиан Лешков

Неизвршни членови: Милан Виршек

Независни неизвршни членови: Борут Мавсар