Стручен соработник за правна ликвидација во Сектор за штети, Служба за правна ликвидација.
Место: Скопје
Рок: 10.12.2024
Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје и тргнете на патување кон личен и професионален развој! Ви нудиме можност да се придружете се на нашиот динамичен тим како “Стручен соработник за правна ликвидација.”
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Работно место:
Стручен соработник за правна ликвидација во Сектор за штети, Служба за правна ликвидација.
Опис на работно место:
- евидентирање, следење и анализирање на споровите поврзани со дејноста осигурување;
- извршување на работни задачи поврзани за лични штети (материјални и нематеријални);
- соработување при утврдување на обемот и висината на штета;
- соработување при изработка на извештаи,
- соработување при изработка на договори за порамнување,
- обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен
Потребни квалификации:
- Завршенo високо образование (ВСС) - Правен факултет;
- Претходно работно искуство од најмалку 1 година;
- Познавање на работа со компјутер;
Услови за вработување:
- Број на извршители: 1 (еден);
- Работен однос на определено време во траење од 6 месеци;
- Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
- Место на извршување на работата: седиште на САВА осигурување а.д. Скопје;
Потребна документација:
Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Железничка бр. 41 по пошта или на е-маил адреса: kariera@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Стручен соработник за правна ликвидација во Сектор за штети, Служба за правна ликвидација.”
Рокот за пријавување е заклучно до 10.12.2024 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.
Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на личните податоци како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк: