Стручен соработник за правна ликвидација во Сектор за штети, Служба за правна ликвидација.

Место: Скопје
Рок: 10.12.2024

Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје и тргнете на патување кон личен и професионален развој! Ви нудиме можност да се придружете се на нашиот динамичен тим како “Стручен соработник за правна ликвидација.”

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 

Работно место:

Стручен соработник за правна ликвидација во Сектор за штети, Служба за правна ликвидација.

 

Опис на работно место:

  • евидентирање, следење и анализирање на споровите поврзани со дејноста осигурување;
  • извршување на работни задачи поврзани за лични штети (материјални и нематеријални);
  • соработување при утврдување на обемот и висината на штета;
  • соработување при изработка на извештаи,
  • соработување при изработка на договори за порамнување,
  • обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен

Потребни квалификации:

  • Завршенo високо образование (ВСС) - Правен факултет;
  • Претходно работно искуство од најмалку 1 година;
  • Познавање на работа со компјутер;

 

Услови за вработување:

  • Број на извршители: 1 (еден);
  • Работен однос на определено време во траење од 6 месеци;
  • Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
  • Место на извршување на работата: седиште на САВА осигурување а.д. Скопје;

 

Потребна документација:

Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Железничка бр. 41 по пошта или на е-маил адреса: kariera@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Стручен соработник за правна ликвидација во Сектор за штети, Служба за правна ликвидација.

Рокот за пријавување е заклучно до 10.12.2024 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се  чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права  за обработка на личните податоци  како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк:

https://mk.sava.insure/media/store/mk-MK/2021/Izvestuvanje-za-privatnost-za-kandidati-za-vrabotuvanje.pdf  

Контактирајте нé