Самостоен стручен соработник за финансии во Сектор за финансии и сметководство, Служба за финансии.

Место: Скопје
Рок: 15.12.2024

Станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје и тргнете на патување кон личен и професионален развој! Ви нудиме можност да се придружете се на нашиот динамичен тим како “Самостоен стручен соработник за финансии.”

 

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 

Работно место:

Самостоен стручен соработник за финансии во Сектор за финансии и сметководство, Служба за финансии.

 

Опис на работно место:

  • планирање на политиката за вложување, планирање на денарските токови, финансиските приходи и расходи и следење на реализацијата;
  • следење на тековните економски движења и настани на капиталните пазари;
  • соработување со банки, берзански друштва и други финансиски институции;
  • подготовка на предлози за вложувања и контрола на аналитика;
  • објавување на дневната состојба на расположливи финансиски средства на Друштвото;
  • следење на наплатите и плаќањата,
  • вршење на плаќања и обработка на документацијата во врска со плаќањето по пат на асигнација, цесија, компензација,
  • координирање на работите во платниот промет;
  • контролирање и периодично усогласување со даночната управа (разни видови даночни обрасци);
  • обавување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

.Потребни квалификации:

  • Завршенo високо образование (ВСС) - Економски факултет;
  • Познавање на работа со компјутер;

Услови за вработување:

  • Број на извршители: 1 (еден);
  • Работен однос на определено време во траење од 6 месеци;
  • Полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
  • Место на извршување на работата: седиште на САВА осигурување а.д. Скопје;

Потребна документација:

Заинтересираните да достават кратка биографија до Самостојна служба за човечки ресурси во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Железничка бр. 41 по пошта или на е-маил адреса: kariera@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Самостоен стручен соработник за финансии.

Рокот за пријавување е заклучно до 15.12.2024 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.

Напомена: Со достава на Вашата апликацијана овој оглас за вработување, вие ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Истите ќе се  чуваат, обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права  за обработка на личните податоци  како и за начинот на обработка на личните податоци може да добиете на следниот линк:

https://mk.sava.insure/media/store/mk-MK/2021/Izvestuvanje-za-privatnost-za-kandidati-za-vrabotuvanje.pdf  

Контактирајте нé