10.3.2016

ЕКСКЛУЗИВНА понуда за пензионери

Склучивме договор со Фондот на пензиското и инвалидско осигурување на Македонија и Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија за соработка во однос на издавањето полиси за осигурување. Ова партнерство носи одлично решение со кое им се олеснува набавката и плаќањето на сите осигурителни продукти на пензионерите и на членовите на нивните семејства.