28.3.2016
Хуманитарна трка “Run for Down”
Нашите вработени го поминаа вчерашниот ден во Градски парк како учесници во трката за поддршка на децата со Даунов синдром.
На колегите што учествуваа во трката, им благодариме за несебичноста и им честитаме за истрајноста во поддршката.
Настанот го организираше клубот за мечување „Ескрим“, а учествуваа бројни пријатели, вљубеници во спортот и поддржувачи на иницијативата за спортување на лица со Даунов синдром.