13.4.2016
Поддршка за Црвен крст и за пунктот за бездомници
Деновиве беше одржана редовната средба на извршниот директор на „Сава осигурување“ г. Петер Скварча со секретарот на градскиот Црвен крст г-ѓа Сузана Тунева Пауновска. На средбата се разговараше за активностите во изминатата година, за ефектите од поддршката на „Сава осигурување“ за проектите на ЦК на град Скопје, како и за продолжување на ова важно партнерство.
„Сава осигурување“ ја потврди својата поддршка и со нова донација од 120 000 денари наменети за потребите на пунктот за бездомници, кој е координиран од страна на Црвениот крст на град Скопје.