15.6.2016
Домашна асистенција на „Сава осигурување“ – твој личен хаус мајстор!
Нашата најнова услуга - Домашна асистенција, претставува прв ваков продукт на македонскиот осигурителен пазар, а ја промовира компанијата повторно како лидер во иновативноста.
Полисата за Домашна асистенција ви нуди помош во моментот кога ќе се случи незгода во домот за која е неопходна итна интервенција од мајстор. Со само еден телефонски повик до нашата асистентска куќа „Сава стејшн“, ќе добиете инструкции и помош за санирање на проблемот и ќе биде испратен мајстор во најкраток можен рок за да ја изврши неопходната поправка.
Освен организација на помошта, добивате и покривање на трошоците за првиот работен час, а услугата е достапна 24/7.