01.08.2016

Онлајн-продажба на полиси за патничко осигурување

Го олеснивме купувањето полиси за патничко осигурување со воведување продажба преку нашата веб-страница. Внесувањето податоци и купувањето се крајно едноставни и нема потреба од дополнителни посебни регистрации или лозинки. Апликацијата е достапна 24 часа во денот, 365 дена во годината.

Целиот процес се следи од страна на овластено лице во „Сава осигурување“, па доколку клиентот има каков било проблем со купувањето, нашиот дежурен оператор му помага и му дава поддршка до крајот на процесот.

Плаќањето е можно со сите платежни картички. Целиот процес се завршува онлајн, така што на крајот клиентот добива потврда за купената полиса на неговата е-пошта. Таа потврда има улога на полиса и со неа слободно може да патува и да се остваруваат сите потреби и права на еден осигуреник.