28.06.2017

САВА ЛЕТНО КИНО

САВА Осигурување со задоволство ви го најавува настанот на кој сите ќе му се радуваме –САВА ЛЕТНО КИНО!

Не мора да „избегате” од градот за да уживате во летото - секој викенд од 17 јуни до 5 август дојдете да се дружиме со САВА ЛЕТНО КИНО на Школка во Градски парк, а ние ќе се погрижиме ништо да не ви фали:

- Вашите омилени филмови
- Бесплатни пуканки
- Welcome drinks
-„Мрзливи” фотелји
- Подароци за најсреќните
- Ѕвездено небо
- Детска вечер

Првиот филм што ќе го гледаме в сабота (17.6.2017) во 21 часот е Still Alice, а за повеќе информации околу програмата и изненадувањата што следуваат, следете нè на Фејсбук и дојдете на време за да си фатите место.

Со љубов и грижа за нашите корисници, САВА Осигурување.
Никогаш сами!