25.08.2017

САВА адреналинска авантура 2017

1-3 септември 2017

Адреналинската авантура 2017 е нов проект на на Сава осигурување и партнерската организација Прв до Врв, која ќе се одвива низ живописната природа на планината Бистра. Предвидена е планинска велосипедска тура во должина од 60 км, трка за најмалите со природни препреки и патека за пешачење/трчање со најбрзо време.  

Првите два дена (01 и 02 септември) се наменети за дружба и забава. Имаме камп во кој обезбедуваме добро јадење, дегустација на пијалоци и забава.

Неделата е резервирана за спортот во Сава адреналинската авантура.

Завршуваме со голема забава и награди.

Цената за учество изнесува 150 денари, а секој учесник добива:

- организирани планински тури за возење велосипед, планинарење или трчање по маркирани патеки во придружба на водичи на турата; 
- логистичка поддршка за време на турите (прва медицинска помош, основен сервис за велосипед); 
- станици за вода и освежување (комбинација од природни извори и пунктови со доставена вода); 
- ручек по завршувањето на турите на целта во Тресонче; 
- сувенир маица Sava Adrenaline Adventure 2017;
- можност за кампување и користење на сите содржини на кампусот во Тресонче (храна, пијалоци, детско катче, планински тури, забава, концерти).

 Официјален линк за настанот http://prvdovrv.mk/SavaAdrenaline