05.1.2018
Станете дел од програмата за лојалност преку апликацијата Мy SAVA
Сега е уште поедноставно да бидеме поблиску и на располагање на своите клиенти! Покрај постојните канали на комуникација, лансиравме апликација што дополнително ќе нѐ поврзе со вас и ќе ги олесни процесите на информирање, купување, но и наградување на заемната лојалност.
Мобилната апликација Моја Сава (My Sava), преку Гугл плеј (Google play) е бесплатно достапна за сите андроид-уреди. Преку неа добивате информации за новости, онлајн-продажба, итен повик до нашиот контакт центар, локации на нашите подружници, како и пристап до програмата за лојалност.
Преземете ја бесплатната апликација, регистрирајте се со свој профил и станете привилегиран член на семејството на САВА:
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.systems4enterprise.mysava&hl=en
Како и зошто да станете дел од нашата програма за лојалност?
Со која било полиса од САВА осигурување што сте ја купиле во текот на 2017 година, можете да се регистрирате и да станете дел од оваа програма за посебни поволности:
- со секоја наредна купена полиса каде што сте договорувач, добивате поени во вредност од 2% од платената премија, каде што 1 поен вреди 1 денар;
- собраните бодови ќе ги користите при купување на секоја наредна полиса, во која било подружница на САВА осигурување низ Република Македонија;
- едноставен преглед на сопствените полиси со датуми кога истекуваат.
Наскоро, програмата за лојалност ќе биде проширена и ќе вклучи голем број партнери кај кои ќе можете да ги користите стекнатите поени. Како регистриран член на My Sava ќе станете привилегиран корисник и на услугите на целата партнерска мрежа.