01.5.2018
Раст на групацијата Сава Ре - во резултати и членство
Добиена согласноста од МАПАС и исполнети сите услови за реализација на потпишаниот договор
Во март 2018 година, матичната куќа на Групација - Сава Ре д.д. ја доби согласноста од Македонската агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), како и сите останати одобренија од надлежните институции за аквизиција на компанијата НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје. Со тоа се исполнети сите потребни услови за остварување на купопродажниот договор од 12 декември 2017 година.
На 13 март 2018 година со купување на Македонска берза, Сава Ре д.д. Љубљана се стекна со 21200 акции, односно 100% од акционерскиот капитал во НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје. Со влегувањето на пазарот за пензиско осигурување во Република Македонија Сава Ре д.д. ја оствари својата стратегија за проширување на дејноста и зацврстување на својата позиција во Западен Балкан.
Сава Ре ќе ја продолжи тесната соработка со целата НЛБ групација, особено со НЛБ Банка АД Скопје која и понатаму ќе врши продажба на пензиските услуги на Фондот во своите експозитури.
Објавени неревидираните финансиски резултати на Групацијата за 2017
Во исто време ве известуваме и дека групацијата Сава Ре, во која припаѓа Сава осигурување а.д. Скопје, ги објави неревидираните финансиски резултати за 2017 година со следниот заклучок: работењето на целата Групација е во знакот на раст во премијата и профит на планираното ниво.
Во 2017 година групацијата запиша 517,2 милиони евра бруто премија, што претставува раст од 5,5% во однос на претходната година, со што го надмина планот за 4,7%. Групацијата ја заврши годината со добивка од 31,1 милиони евра и 10,1% поврат на капиталот. За 2017 година е забележан пораст на капиталот од 6,4% до вкупно 316,1 милион евра.
Рејтинг агенциите уште еднаш ја потврдија финансиската стабилност и адекватност на капиталот на целата Групација. Во јули 2017, после редовната рејтинг контрола, агенцијата „Стандард енд Пурс“ ја потврди постоечката бонитетна оценка на финансиска моќ „А-“ (одлична) и ја унапреди прогнозата од „стабилна“ во „позитивна“.
Во изминатата година членките на групацијата Сава Ре ставија акцент на развојот на нови продукти и продажни канали. Кон тоа се приклучи и развојот на продуктите поврзани со здравственото осигурување. Во рамките на истата стратегија, Групацијата влезе и на пазарот со асистенции што им отвора нови можности на членките со организирање на асистентски услуги за корисниците на полиси за осигурување на возила, домаќинства и здравствено осигурување.
Растот и развојот остануваат клучен дел од стратегијата на целата Групација Сава Ре.
Повеќе информации за купувањето на НЛБ Нов пензиски фонд на:
ENG: http://www.sava-re.si/en/media-centre/news/1659/nlb-nov-penziski-fond-ad-skopje-joins-sava-re-group/
Информации за неревидираните резултати за 2017 година на: