04.6.2018
Доброволно приватно здравствено осигурување - за оние кои сакаат повисок стандард на здравствена заштита
Колку е важно што добивате со здравственото осигурување? Дали е тоа квалитетна медицинска услуга, комбинирана со соодветни услови за прегледи, хируршки зафати, операции и рехабилитација?
Со добар осигурителен партнер добивате помош и грижа во миговите кога таа е неопходна, кога поминувате низ ситуации што се по својата природа меѓу постресните. А, тука почнува приказната за нашето Доброволно приватно здравствено осигурување...
Внимателно ги следевме нашиот и регионалниот пазар за да создадеме најквалитетно покритие што ќе го користите во партнерската мрежа од болници и дијагностички центри, а во кои ќе имате приоритетен третман. И што е најважно од сѐ: имаме сопствен асистентски центар што се грижи за координација на сите процеси, одејќи го целиот пат заедно со Вас. Трошоците се грижа на Сава осигурување уште од моментот на најава во асистентскиот центар.
Полисата за Доброволно приватно здравствено осигурување, на крајно едноставен начин, Ви ја обезбедува толку потребната логистичка и финансиска поддршка во чувствителни моменти.
Повеќе за приватното здравственото осигурување на Сава тука.
Погледнете го промотивниот видео спот и инфографиците за самиот продукт, како и за асистенцијата.