04.06.2018

Доброволно приватно здравствено осигурување - за оние кои сакаат повисок стандард на здравствена заштита

Колку ви е важна квалитетната медицинска услуга, комбинирана со соодветни услови за прегледи, хируршки зафати, операции и рехабилитација?

Со добар осигурителен партнер добивате помош и грижа во миговите кога таа е неопходна, кога поминувате низ ситуации што се по својата природа меѓу постресните. А, тука почнува приказната за САВА ДПЗО...

Внимателно ги следевме нашиот и регионалниот пазар за да создадеме најквалитетно покритие што ќе го користите во партнерската мрежа од болници и дијагностички центри, а во кои ќе имате приоритетен третман. И што е најважно од сѐ: имаме сопствен асистентскиот центар кој се грижи за координација на сите процеси, одејќи го целиот пат заедно со Вас. Трошоците се грижа на Сава осигурување уште од моментот на најава во асистентскиот центар.

Полисата САВА ДПЗО, на едноставен начин, Ви ја обезбедува толку потребната логистичка и финансиска поддршка во тие чувствителни моменти.

Повеќе за здравственото осигурување тука.