20.09.2018

Подигнување на свеста за безбедно однесување во сообраќајот и донација за граѓаните на Скопје

Како дел од активностите со кои треба да се подигнува свеста за безбедно однесување во сообраќајот, на 19 септември 2018 година, на Град Скопје му предадовме донација од пет дигитални мерачи на брзина.

Дигиталните мерачи на брзина се инструменти кои треба да одиграат превентивна улога во сообраќајот со тоа што ќе сигнализираат со која брзина се движи секој учесник со моторно возило, делувајќи како потсетник истата да ја прилагоди. Мерачите се поставени на локации во близина на пет средни училишта каде е утврдена голема фреквенција на возила, а со тоа и потреба од заштита на пешаците преку поставување дополнителна сигнализација освен постоечката. На овој начин, покриени се неколку зони од градот, и тоа кај: СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СУГС „Марија Кири Склодовска“, СГГУГС „Здравко Цветковски“ и АСУЦ „Боро Петрушевски“.

Донацијата ја предаваме токму на денот кога се одбележува Европскиот ден без жртви во сообраќајот на кој, за жал, претходеа многу несреќи. Се надеваме дека оваа иницијатива ќе поттикне и други во насока на побезбедно однесување и подобрување на сообраќајната култура.

Ние во Сава осигурување секако ќе ги продолжиме ангажирањата во општествено одговорни проекти и ќе ја покажуваме на дело нашата посветеност да го унапредуваме квалитетот на живеење во сопствената работна и животна средина.

Повеќе за нашите активности тука.