30.10.2018
Договор за деловно партнерство помеѓу Сава осигурување и Сава пензиско друштво
Овластени агенти за пензиско осигурување отсега и во подружниците на Сава осигурување
Македонските членки на групацијата Сава Ре - Сава осигурување а.д. Скопје и Сава пензиско друштво а.д. Скопје склучија важен стратешки договор за соработка во делот на вршењето на работи на маркетинг на пензиски фондови во продажната мрежа на Сава осигурување а.д. Скопје.
Од денес, членовите на фондот, како и сите заинтересирани, ќе можат да побараат овластен агент за пензиско осигурување и во подружниците на Сава осигурување а.д. Скопје.
Во наредниот период, двете компании ќе работат на тоа најголемиот дел од подружниците на Сава осигурување а.д. Скопје да бидат и продажни места на Сава пензиско друштво а.д. Скопје.
Моменталната состојба на продажни места можете да ја погледнете на следниот линк: https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/map/
Кај овластените агенти во подружниците на Сава осигурување а.д. Скопје, членовите и заинтересираните граѓани можат да ги добијат следните услуги:
- склучување на Договор за членство и Договор за премин во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус;
- ажурирање на лични податоци како член на пензиски фонд;
- избор на начин на достава на годишни известувања;
- склучување на Договор за исплата на пензија или пензиски надоместок од Сава пензиски фонд и Сава пензија плус;
- поднесување на Барање за исплата на наследство од Сава пензиски фонд и Сава пензија плус и друго.