21.03.2019

Одлични достигнувања на групацијата „Сава Ре“ во 2018 година

Нов раст на профитот на Сава Ре – објавени неревидираните финансиски резултати за 2018

Групацијата „Сава Ре“, во која припаѓа Сава осигурување а.д. Скопје, ги објави неревидираните финансиски резултати за 2018 година со следните заклучоци:

  • Групацијата „Сава Ре“ оствари профит од 43 милиони евра;
  • Премијата со пораст од речиси 6%;
  • Повратот на капитал се покачи на 13,1%, а оперативните приходи пораснаа за 10%;
  • Трите успешни аквизиции од 2018 со значителен придонес за групацискиот раст. Потпишани се уште три дополнителни договори што ќе бидат реализирани во 2019 година;
  • Двата кредитни рејтинзи се надградени во „А“ (одлични) со стабилна прогноза.

Во 2018 година групацијата „Сава Ре“ запиша 546,3 милиони евра бруто премија, што претставува раст од 5,6% во однос на претходната година, со што го надмина планот за 5,1%. Кон ваквиот раст важен е придонесот на словенечкиот неживотен осигурителен пазар (раст од 10,9%) и тој надвор од Словенија со 12,5%. Животното осигурување на истиот пазар, постигна пораст од 17,8%. Реосигурителниот сегмент има 7,2% помала премија поради строгите и селективни принципи за преземање на ризици.

Групацијата „Сава Ре“ ја заврши годината со добивка од 43 милиони евра и 13,1% поврат на капиталот. Во 2018 капиталот порасна за 7,6%, односно на 340 милиони евра, со технички резерви од 1,1 милијарда евра.

Групациските оперативни приходи пораснаа за 9,8% како резултат на растот во премијата на постоечките членки, но и новите што успешно се приклучија во текот на 2018 година: НЛБ Нов пензиски фонд кој стана „Сава Пензиско друштво“, во придружба на српскиот „Енергопројект Гарант“ и словенечката асистентска куќа „ТБС Теам 24“.

Во своите редовни годишни рејтинг контроли во „Сава Ре“, агенциите „Стандард енд Пурс“ и „А.М. Бест“ ја унапредија бонитетната оценка на финансиска моќ во „А“, со стабилна прогноза, што е одраз на долгорочната стабилност и добра позиција на пазарот.

Растот и развојот остануваат клучен дел од стратегијата на „Сава Ре“. Во изминатата година групацијата стави акцент на проширувањето, што ќе остане актуелно и во текот на 2019-та, заедно со поставеноста на клиентот во средиштето на работењето, дигитализација на истото, развој на иновативни услуги и продукти, како и обезбедување на асистентски услуги за корисниците на полиси за осигурување на возила, домаќинства и здравствено осигурување. Во реосигурувањето, растот ќе се фокусира на пазарот во Латинска Америка, додека пензиските фондови ќе продолжат со промотивните активности за зголемување на свесноста за значењето на пензиското осигурување.

Поради свесноста за промените на околината и ефектот што го имаат врз бизнисот, ќе се разгледуваат можностите за инвестирање во проекти од областа на животната средина и одржливиот развој, главно преку инфраструктурни фондови и проекти од локални компании што се занимаваат со енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Повеќе информации на веб страницата на Сава Ре:

линк за англиски јазик

линк за словенечки јазик