14.5.2019

Станете дел од тимот на Сава осигурување

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Работно место: Агент во Сектор за продажба, Подружница Тетово

Извршители: 3 (три) извршители

Опис на работно место:

  • изработување на понуди и полиси за осигурување;
  • следење и грижа за наплата на премијата од продадени полиси;
  • останати обврски согласно интерните акти на Друштвото;
  • комуникација со клиенти;
  • поддршка на активностите на продажната мрежа;
  • компјутерска обработка на податоци и подготовка на извештаи до одговорните лица;
  • извршување на други работни задачи по налог на непосредно претпоставеното лице.

Потребни квалификации:

  • завршено ССС;
  • познавање на работа со компјутер;
  • способност за работење како член на тим;
  • комуникативност и продажни вештини.

Услови за работа:

  • избраните кандидати ќе работат со полно работно време 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно од 08:00 до 16:00 часот, на определено време од 6 месеци;
  • кандидатите имаат можност за неограничена заработувачка при што, без разлика на исполнување на таргетот, се исплатува основна нето плата од 12.507,00 денари;
  • секој кандидат е должен да ја организира работата во согласност со тимот, како и со таргетите што му се зададени во текот на работното време;
  • за избраните кандидати е обезбедена соодветна обука.

 Потребна документација:

  • CV

Контактирајте нѐ уште денес на е-маил: dokumenti@sava.mk, со забелешка „ЗА ОГЛАС ЗА АГЕНТ ВО СЕКТОР ЗА ПРОДАЖБА ВО ПОДРУЖНИЦА ТЕТОВО“.

Рокот за пријавување е заклучно до 31.05.2019 година, а изборот ќе биде извршен во законскиот рок, во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.