23.5.2019

Нашата групација има ново име - Sava Insurance Group

Матичната куќа на Сава осигурување а.д. Скопје, реосигурителната Сава Ре д.д. Љубљана, Р. Словенија, во согласност со соодветната законска регулатива и правила на Љубљанска берза д.д. Љубљана, го издаде следново соопштение:

Групацијата Сава Ре посветено работи на обезбедување на најдобро корисничко искуство за своите клиенти. Благодарение на растот, како и зголемувањето на бројот на членки, донесовме одлука да ја истакнеме моќта на брендот - на начин што најдобро ја опишува нашата групација.

Сите наши членки имаат заеднички именител: обавување на осигурителна дејност или придружни бизниси за поддршка на осигурувањето. Водени од тоа, одлучивме дека досегашниот заеднички бренд Сава Ре треба да биде заменет со Sava Insurance Group на англиски јазик.

Уверени сме дека ќе продолжиме да обезбедуваме најдобро можно корисничко искуство за своите осигуреници со кое што ќе ги надминуваме границите на обично сервисирање, како што е дефинирано во нашиот нов заеднички бренд.“ 

Новиот заеднички бренд за прв пат е употребен во финансискиот извештај за првиот квартал на 2019 година.