30.5.2019

Сава осигурување е дел од манифестацијата „Денови на финансиска писменост“

Повторно сме дел од јавниот настан „Денови на финансиска писменост“ (29-31 мај, 2019) во кој што учествуваат бројни финансиски институции (друштва за осигурување, банки, штедилници, инвестициски фондови, инвестициско-брокерски друштва, осигурително-брокерски друштва, и приватни пензиски фондови).  Настанот е планиран на повеќе локации во рамките на државните институции од финансискиот сектор и во експозитурите на приватните компании. Манифестацијата претставува одлична можност за сите учесници да се сретнат со заинтересираните граѓани и да разменат корисни информации, со што активно се придонесува кон зголемувањето на финансиската писменост на граѓаните. Како и секогаш, нам нѝ е задоволство што можеме да поразговараме со посетителите и да одговориме на нивните прашања за осигурувањето.

До следното видување, останете сигурни и НИКОГАШ САМИ.