05.09.2019

ИТ тимот на Сава осигурување се проширува (оглас за вработување)

Дигитализацијата во осигурителниот сектор забрзано расте, а со тоа и неговите ИТ оддели. Како предводници во модернизацијата на нашата индустрија, ние сме отворени за нови предизвици и го прошируваме успешниот ИТ тим на Сава осигурување со нови 2 места. Затоа, станете дел од професионалниот и успешен тим на САВА осигурување а.д. Скопје!

Работно место:

„Самостоен стручен соработник за процеси“ во Самостојната служба за ИТ во Дирекцијата на САВА осигурување а.д. Скопје, на ул. Загребска 28 А.

 Опис на работно место:

  • Кодирање на програми, односно создавање на програми во бараниот програмски јазик;
  • Тестирање на програмите;
  • Извршување на покомплексни програмски задачи;
  • Предлагање решенија за подобрување на работните процеси во полето на технологии на осигурувања;
  • Предлагање апликациски подобрувања на процесите во полето на технологии на осигурувања;
  • Подобрување на процесите во полето на технологии на осигурувања;
  • Координирање на проектите во полето на технологии на осигурувања;
  • Извршување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

 Потребни квалификации:

  • Завршенo високо образование (ВСС) од областа на информатичката технологија, односно факултет од инженерско-техничка област;
  • Искуство и познавање на работа од областа на информатичката технологија (програмирање, бази на податоци);
  • Познавање на англиски јазик;
  • Способност за тимска работа.

Услови за вработување:

  • Број на извршители: 2 (двајца);
  • 1 извршител со работа на определено време од 6 (шест) месеци;
  • 1 извршител со работа на неопределено време;
  • Избраните кандидати ќе работат со полно работно време кое изнесува 8 часа дневно или вкупно 40 часа неделно;
  • Секој кандидат е должен да ја организира работата во согласност со колегите од тимот, како и работните задачи добиени во текот на работното време кое што започнува од 08.00 и трае до 16.00 часот.

 Потребна документација:

Заинтересираните да достават кратка биографија до Секторот за општи и правни работи во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за Самостоен стручен соработник за процеси во Самостојна служба за ИТ“.

                                                            

Рокот за пријавување е 5 (пет) дена од последниот ден на објавата на огласот, односно заклучно со 19.09.2019 година. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.