04.12.2019
Sava Insurance Group со пораст на премијата и остварени цели за првите девет месеци од 2019 година
Објавени резултатите од јануари до септември 2019: деветте месеци од годината ги обележа висок раст на премијата и резултати според очекувањата
Неревидираните резултати за трите квартали од 2019 година покажуваат нето добивка од 37,7 милиони евра, со што продолжува позитивниот раст кај Групацијата од првата половина на годината.
Кај бруто премијата, забележлив е порастот од 9,5% кај неживотното осигурување што изнесува 471,1 милион евра.
Во растот на вкупната бруто премија на Осигурителната групација Сава, словенечките компании од неживотно осигурување учествуваат со 10,9%, останатите членки со раст од 20,3%, а реосигурителните бизниси со 3,6%. Компаниите-членки од животното осигурување кои се надвор од словенечкиот пазар имаат учество од 7,4% раст во споредба со словенечките со 0,4%. Со тоа, Групацијата исполни 84,9% од планираната годишна премија веќе во првите три квартали од 2019 година.
Во овој период Осигурителната групација Сава оствари нето добивка од 37,7 милиони евра или 87,6% од годишниот таргет, остварувајќи раст од 29,3%. Повратот на капитал изнесува 13,6% за истиот период.
Забележливо е подобрување на трошковната ефикасност. Кај штетите има мал пораст, главно поради влијанието на членките од неживотно осигурување.
Покрај забележливиот органски раст, Групацијата останува посветена и на стратегијата за раст преку аквизиции. По преземањето на двете осигурителни компании од брендот Ерго во Хрватска, стекнувањето со 100% гласачко право во Сава Инфонд во Словенија, во август беше потпишан договор за купување на медицински центар во Блед, Словенија.
Со издавањето на субординирани обврзници во вредност од 75 милиони евра овој октомври, капиталот ги исполнува условите за „Tier 2“ и станува усогласен со „Solvency II“, што за Групацијата ќе значи поголема флексибилност во растот.
Трендот на пораст присутен и кај Сава осигурување а.д. Скопје
Македонската членка на Групацијата, Сава осигурување а.д. Скопје ги заврши првите три квартали од 2019 со бруто полисирана премија од 665.706.389 мкд или раст од 10,1% во споредба со истиот период претходната година. Во однос на Планот, реализираната премија го надминува планираниот износ за 2,3%, со пораст кај скоро сите класи на осигурување.
Кај бруто ликвидираните штети има зголемување од 14,8% во однос на 2018 година.
Повеќе за Групациските резултати на: https://www.sava-re.si/en/media-centre/news/1854/high-premium-growth-results-on-target/