07.05.2020

Станете дел од продажниот тим на Сава осигурување

Пријавете се за агент во Секторот за продажба. Претходно искуство или познавање на работата не е неопходно - ние вложуваме во кандидатите, во нивната едукација и личен развој.

Работно место:

Агент во Секторот за продажба во САВА осигурување а.д. Скопје, на ул. Загребска 28 А Скопје

 Опис на работното место:

Работното место агент подразбира:

  • изработување на понуди и полиси за осигурување;
  • следење и грижа за наплата на премија за продадените полиси;
  • комуникација со клиенти;
  • поддршка на активностите на продажната мрежа;
  • останати обврски согласно интерните акти на Друштвото и
  • извршување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.

 Потребни квалификации:

  • завршено средно образование;
  • познавање на работа со компјутер;
  • комуникативност и продажни вештини;
  • способност за тимска работа.

 Услови:

  • Неполно работно време од 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно, во периодот од 09:00 до 13:00 часот.
  • Кандидатите имаат можност за неограничена заработувачка, при што, без разлика на исполнување на таргетот, се исплатува основна нето плата од 7.300,00 денари.
  • Секој кандидат е должен да ја организира работата во согласност со тимот, како и работните задачи што му се зададени во текот на работното време.
  • Можност за вработување и професионален развој во реномирана компанија.
  • За избраните кандидати е обезбедена соодветна обука.

Потребна документацијаCV

Заинтересираните да достават кратка биографија до Секторот за општи и правни работи во САВА осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28А, по пошта или на е-маил адреса: dokumenti@sava.mk. Пријавата треба да има назнака „Оглас за агент во Секторот за продажба“.                                              

Рокот за пријавување е заклучно со 08.06.2020. По неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати, а во согласност со член 23 став 2 од Законот за работни односи.