13.3.2020

САВА осигурување ги презема сите мерки за превенција и заштита на своите вработени и клиентите

Почитувани,

Со оглед на развојот на настаните поврзани со ширењето на коронавирусот (СОVID-19), а во согласност со инструкциите од надлежните органи, САВА осигурување ги презема сите мерки за превенција и заштита на своите вработени и клиентите, заедно со работната и животна средина.

Работните процеси во сите подружници се  одвиваат непречено, но со дополнителни мерки за заштита на клиентите и вработените. Ги замолуваме сите да ги почитуваат препораките на надлежните и да постапуваат според инструкциите заради лична и општествена одговорност. 

  • Сведете ги на минимум состаноците и посетите на подружниците, освен во навистина неопходни ситуации. Не се ракувајте и држете се на препорачано растојание од 1,5 метри едни од други. Во тој контекст, секоја подружница на САВА осигурување има обезбедено средства за дезинфекција на рацете (поставено за користење при влез во објектот).
  • Ако имате потреба од полиса за осигурување, побарајте го на телефон својот агент! Ќе го организира целиот процес за Вас.
  • Полисите за автомобилска одговорност, патничко осигурување, домаќинско осигурување и незгода се достапни и онлајн во нашиот вебшоп
  • Штетите може да се пријавуваат онлајн на www.sava.mk или на дежурниот број 0800 80 000. Нашите служби ќе Ви дадат инструкции за постапување при пријава и проценка на штетата.
  • Информирајте се телефонски за сите наши услуги на бесплатниот дежурен број 0800 80 000 или на нашата веб страница каде имате web-chat прозорец за комуникација со наш оператор кој, доколку се соочите со каков било проблем, Ви дава поддршка до крајот на процесот.

Никогаш сами!

Со цел да се спречи ширењето на инфекција со коронавирус (COVID-19), со  нашите вработени и целата јавност ги споделуваме следниве : Информации и упатство за заштита