16.03.2020

Мерки за заштита во услови на Covid-19

Почитувани,

Имајќи ги во предвид развојот и сериозноста на ситуацијата со коронавирусот, ве известуваме дека САВА осигурување како општествено одговорна компанија која се грижи за своите вработени и клиенти, дава и ќе даде максимален придонес за спречување на ширењето на заразата со Covid-19. Врз основа на моменталната состојба и препораките на Владата за справување со пандемијата, ги преземаме сите потребни мерки на претпазливост и одговорно однесување - првенствено, за заштита на здравјето на своите вработени, нивните семејства, клиентите и соработниците. Покрај тоа, ние сме целосно подготвени за продолжување на дејноста и во вакви, вонредни услови.

Во изминатава недела, извршени се неопходни мерки на претпазливост и одговорно однесување за да овозможиме непречено одвивање на работата:

  • сите вработени редовно се известуваат и добиваат инструкции за лична заштита и постапување при работа со странки;
  • во работните простории е извршена дезинфекција;
  • обезбедени се средства за дезинфекција за сите вработени и клиенти;
  • се апелира до соработниците и клиентите да избегнуваат директен контакт и за сите потреби да користат телефонска или дигитална комуникација;
  • обезбедени се сите услови за поголемиот дел од вработените да ја вршат својата дејност од дома;
  • бројот на вработени во деловните простории е редуциран и сведен на неопходниот минимум за нормално одвивање на дејноста.

САВА осигурување продолжува со издавање на полиси, обработка на штетите и подмирување на обврските кон добавувачите, бидејќи сме посветени на своите клиенти тогаш кога е најпотребно.

За полиса за осигурување, побарајте го својот агент или купете ја директно од нашиот вебшоп.

Можете да пријавите штета онлајн на www.sava.mk или  едноставно повикајте го нашиот контакт центар на 0800 80 000 за инструкции.

За сите останати потреби  и прашања јавете се во нашиот контакт центар на: 0800 80 000, по електронска пошта на contact@sava.mk или преку веб-чет формата на нашата веб страница www.sava.mk.

Вашето здравје и безбедност се најважни. Останете дома и безбедни.
Никогаш сами!