27.3.2020

Безбедност, онлајн полиси, одложено плаќање и други поволности за клиентите на САВА осигурување

Во ова време на предизвици, целата групација САВА (Sava Insurance Group) континуирано ги презема потребните мерки со кои се заштитуваат вработените, нивните семејства, клиентите и соработниците.

Во ситуација со каква до сега не се соочила нашата генерација, секој чинител во општеството го дава својот придонес на еден или друг начин. Ние, во САВА осигурување непрекинато преземаме  мерки на претпазливост за заштита на здравјето на своите вработени, нивните семејства, клиентите и соработниците. Истовремено, нашата дејност се одвива непречено во сите свои сегменти - издавање на полиси, обработка на штетите и подмирување на обврските кон добавувачите, бидејќи сме особено посветени тогаш кога е најпотребно. Свесни за сите предизвици со кои се соочува секој од нас, работиме на олеснување на процесите и обезбедуваме  дополнителни поволности за нашите клиенти.

За општото добро и за доброто на вработените и клиентите на САВА осигурување

Најодговорно ги преземаме сите мерки на заштита, претпазливост и одговорно однесување, за да овозможиме непречено одвивање на работата:

Хигиена и заштита

  • Во сите работни простории редовно се врши дезинфекција.
  • Обезбедени се средства за дезинфекција, маски и ракавици за сите вработени и клиенти и достапни на влез во подружниците.

Работа со странки

  • Работно време на подружниците е понеделник – петок од 9 до 15 часот.
  • Бројот на вработени во деловните простории е намален на неопходниот минимум за нормално одвивање на дејноста.
  • Поради привремено затворање на одредени подружници се советуваат клиентите, пред посета, телефонски да го проверуваат статусот на подружницата.
  • Апел да се избегнува директен контакт и за сите потреби да се користи телефонска или дигитална комуникација.

Продажба и поволности за клиентите

  • За полиса за осигурување, клиентите може директно да го побараат својот агент или да се јават на бесплатниот број 0800 80 000. Во тој случај:
    • полисите за незадолжителни осигурувања може да се доставуваат по e-mail, за што агентот ќе ја објасни процедурата;
    • во случај на директна физичка достава на полисите, истата се врши согласно сите безбедносни протоколи.
  • Во нашиот вебшоп на sava.mk може онлајн да се обнови задолжителната полиса за регистрација на возило - осигурување на автомобилска одговорност, како и осигурување на домаќинства, патничко или осигурување од незгода.
  • Плаќањето може да биде со одложен рок од 30 дена. Препорачуваме користење на електронско плаќање.
  • Штетите може да бидат пријавени онлајн на sava.mk или со јавување во нашиот контакт центар на 0800 80 000 за инструкции.
  • 24/7 достапни преку нашиот контакт центар на: 0800 80 000, по електронска пошта на contact@sava.mk , преку веб-чет формата на нашата веб страница sava.mk или на социјалните мрежи.

 Затоа што веруваме во моќта на заедништвото, солидарноста и во нашата девиза „Никогаш сами“!