05.05.2020

Известување до соработниците за достава на електронски фактури

Почитувани соработници,

На 27.03.2020 година во Службен Весник бр.80  е објавена  Уредбата со законска сила за примена на Законот за додадена вредност за  време на вонредна состојба и ќе биде во примена за целото нејзино времетраење.  

Како една од мерките за безбедно работење во вонредни услови, а во согласност со Уредбата, Сава осигурување овозможува достава на електронски фактури (пдф или друг формат) што ги содржат сите елементи утврдени со член 53, став 10 од Законот за ДДВ. За таа цел е креирана и посебна  меил адреса: fakturi@sava.mk

Ако Уредбата  ја применува и вашето друштво, ве молиме, на  меил адресата  fakturi@sava.mk

  • да доставите Известување за применување на Уредбата. Во истото, наведете од кои меил адреси ќе бидат испраќани ваквите фактури, а доколку не е наведено, ќе сметаме дека тоа ќе биде адресата од која е испратено Известувањето;
  • на Известувањето ќе добиете одговор и тоа ќе значи согласност од наша страна;
  • по добиениот одговор, фактурите наменети за Сава осигурување да ги доставувате по електронски пат исклучиво на посочената меил адреса.