21.10.2020
Потврден одличниот кредитен рејтинг на Сава Ре од страна на АМ best
По редовниот годишен преглед, агенцијата за рејтинг AM Best го потврди „A“ рејтингот на финансиската моќ и „А“ долгорочен кредитен рејтинг на Сава Ре, при што перспективата ја оцени како „стабилна“.Билансот на состојба е оценет како многу силен, оперативните перформанси како силни, влијанието на деловниот профил врз рејтингот како неутрално и управувањето со ризикот на компанијата соодветно на организацијата на Групацијата.
Агенцијата во своето соопштение наведува дека нејзината проценка за многу силната финансиска позиција е резултат на високо ниво на прилагодена капитализација, портфолиото на ликвидни инвестиции, претпазливото резервирање и добро внатрешно генерирање на капитал. Со малото потпирање на компанијата кон реосигурување, здрава финансиска флексибилност и пристап до пазарите на капитал. Агенцијата очекува финансиската позиција на компанијата да остане многу силна на среден рок.
Покрај тоа, Агенцијата истакнува дека Сава Ре има историја на остварени силни и стабилни резултати во работењето градени на добрите резултати во неживотно и животно осигурување и дополнети со здрави приходи од инвестиции. Агенцијата очекува деловните перформанси да останат силни на среден рок, поддржани од дисциплинирано преземање на осигурителен и инвестициски ризик.
Понатаму, Агенцијата забележува дека Сава Ре,поддржана од силната позиција на нејзиниот основен пазар во Словенија, каде што по купувањето на словенечката компанија за животно осигурување НЛБ Вита, има удел на пазарот од околу 19%, активно ја развива својата позиција на пазарите на Западен Балкан. AM Best очекува да види понатамошна географска диверзификација на среден рок и во директните и во сегментите за реосигурување, бидејќи Групацијата продолжува претпазливо да ја гради својата позиција на меѓународниот пазар на реосигурување.