05.11.2020

Единствен продукт за велосипедисти и велосипеди

Сава Осигурување a.д Скопје, како и секогаш, своето внимание го насочува кон осигурениците и задоволување на нивните потреби. Како резултат на тоа го промовираше новиот и единствен продукт на нашиот пазар кој се однесува на велосипедистите и велосипедите.

Во месецот на осигурување ви нудиме промотивен попуст од 30%. Искористете го попустот до 30.11.2020 година и станете корисник на единствената понудата на пазарот која ви ја нуди Сава Осигурување.

Овој продукт се однесува на лица од 10 до 75 годишна возраст кои веќе поседуваат велосипеди и се дел од урбаната џунгла и прекрасната природа, но и за оние кои имаат желба да го вклучат велосипедот во своето секојдневие.

Со склучување на договор за каско полиса за велосипедот добивате услуга која со сигурност ќе прерасне во ваш начин на живот. Заштитете се и вие и вашиот велосипед.

Пакетите започнуваат од 1.199 денари годишно. На вас е да одлучите дали сакате да користите Старт, Про или Премиум пакет, а на Сава Осигурување да се грижи за се останато.

За дополнителни информации, во секое време и за сите продукти, контактирајте не на бесплатниот телефонски број 0800 80000 (достапни 24/7) или на нашиот chat box.

Ве очекуваат нашите агенти!

Никогаш сами со Сава Осигурување